омадри | св.

Вразуми, опамети. Не можеше да ја омадри.

омае | св.

Занесе, замае, замелуши, зашемети со нешто. Близината на морето го омаја.

омаен 1 | прид.

Што е замаен, зашеметен. Надвор паѓаше дожд, па бев омаен и нервозен.

омаен 2 | прид.

Што омајува, што занесува. Омајна убавина. Омаен мирис на липите.

омаж | м.

Изложба, сценско или уметничко дело со кое се изразува почит кон некоја личност.

омажена | прид.

За жена – што е во брак. Минаа години и таа е сигурно веќе омажена.

омажи | св.

Даде некому за жена (ќерка, сестра, роднина). Децата ги израсна, ќерките ги омажи. Ја омажија со стројници.

омака | св.

омаленост | ж.

Состојба на тоа што е омалено.

омали | св.

премали.