омие | св.

омилен | прид.

Што е сакан, допадлив, популарен. Омилена песна. Омилено јадење. Тој беше омилен меѓу своите другари.

омили | св.

Стане мил, сакан, допадлив. Тој може да ја бендиса и да му омили.

омилостиви | св.

Направи некого да стане милостив. Народот настојуваше да го омилостиви за да не причинува штети.

омириса | св.

помириса. Уште кога ја омириса миризбата, почувствува одвратност.

омлет | м.

Вид јадење од изматени, пржени јајца; кајгана.

омлитави | св.

Стане млитав, изгуби цврстина.

омнибус | м.

Голема затворена патничка кола со коњска запрега.

омодри | св.

Стане модар, помодри. Омодре, жешка пот ја облеја.