омези се | св.

Земе нешто за мезе. Сиренце нема да омезиме.

омекне | св.

а) Направи нешто да биде меко или помеко. Тој крем ми ја омекна кожата. б) (прен.) Направи некого да биде мек, кроток, попустлив; придобие, одоброволи некого. Нејзините зборови и солзи го омекнаа.

омекнувач | м.

Средство, детергент што на текстилните производи (облека, постелнина и сл.) им дава поголема мекост.

омелушен | прид.

омерка | ж.

Дрво или конец со кои се мери нешто.

омесечен | прид.

Што е со месечина. Омесечена ноќ.

омете | св.

омечи | св.

За мечка – донесе на свет, роди мечиња. Мечката омечила две мечиња.

омеѓен | прид.

Што има обележани меѓи, поставени граници. Омеѓени ниви.

омеѓи | св.

Обележи меѓа, постави граница. Си ги поместуваат бурињата за да ја омеѓат летната бавча за новата сезона.