омразниче | ср.
Омразита трева, омразно билје; омразит.
омрачи | св.
омреженост | ж.
Поврзаност во мрежа. Треба да се достигне светско ниво на омреженост и компјутерска комуникација.
омрести | св.
Положи икра.
омркне | св.
безл. Се стемни, падне ноќ; осамне.
омрлушен | прид.
Што е изнемоштен, омлитавен, снеможен. Омрлушени глави.
омрлуши | св.
Изгуби сила, ослабне, премали, клапне. Го омрлуши лицето и зацивка плачно. Никогаш не се омрлушија лисјето од таа јаболкница.
омрси | св.
Во време на пости даде некому да касне мрсно. Домаќинката му даде пита со јајца и го омрси, не знаејќи дека тој пости.
омрцлавее | св.
омрцлавен | прид.
Што е олабавен, млитав. Омрцлавено тело.