осамеништво | ср.
Состојба на тој што е сам, одделен од светот; осаменост. Се повлече во осамеништво.
осами | св.
Остане сам, одделен од светот. Јас и мајка ми осамевме по смртта на татко ми.
осамне | св.
(само во 3 л. едн.) обзори, зазори, се раздени. Осамна, а јас дури тогаш сум заспал. Денот осамна сончев.
осамостои | св.
Направи да биде самостоен. Ги осамостои своите деца на рана возраст.
осамотен | прид.
осамоти | св.
осана | ж.
Чест рефрен во старите еврејски молитви пеени во поворка; литургиска песна.
осарник | м.
Гнездо на оси. Под стреата имаше осарник.
осатка | ж.
Вид пченица со поситно зрно и подолги осилки.
осведочен | прид.
Глаголска придавка од осведочи.