оружје | ср.
Средство за одбрана или напад. Лесно оружје. Тешко оружје. Атомско оружје.
орхидеја | ж.
Општ назив за растенија од фамилијата Orchidaceae.
орјат | м.
Лош, опасен човек, неранимајко, крадец, простак.
оса | ж.
Инсект еднокрилец со жолто-црна боја и со осило на задниот дел. Потекол целиот, го каснала оса.
Осака | ж.
Град во Јапонија.
осакатен | прид.
Што станал сакат. Осакатени мажи лежат по бојното поле.
осакати | св.
Направи да биде сакат. Еден метален предмет го осакати.
осамен | прид.
Што е сам, одделен од светот, изолиран. Старецот седеше осамен на балконот. Седи и чита осамен во својата мала соба.
осаменик | м.
Човек што е сам, одделен од светот. Тажен осаменик шеташе навечер по кејот.
осаменички | прид.
Што се однесува на осаменик. Осаменички живот.