освести | св.

Поврати онесвестен во свесна состојба. Анестезиологот го освести пациентот по завршената операција. Жената ја освестија со студена вода.

осветен | прид.

Што е направен да биде свет. Осветена црква. Осветен леб.

освети | св.

Направи со извршување црковен обред, нешто (вода, црква, куќа и сл.) да биде свето. Владиката ја освети оваа црква. Попот ја освети водата и потоа сите поминуваа редум да се замијат и да се напијат за здравје.

осветлен | прид.

Што е со светлина, од кој зрачи светлина. Осветлени прозорци.

осветление | ср.

осветлување, светлина. Осветлението на сцената беше доста добро. Улично осветление.

осветли | св.

Направи нешто да биде светло, насочи, пушти светлина на нешто. Таа ја осветли собата со газиена ламба. Војниците со голем рефлектор ги осветлија труповите на загинатите. Месечината го осветли патот.

освоен | прид.

Што е заземен од друго лице, од друга воена сила и сл. Освоено срце. Освоени територии.

освои | св.

Заземе, завојува, завладее територија, населено место и сл. Непријателската војска го зазеде градот.

освојувач | м.

Тој што освојува. Освојувачите крвожедно навлегоа во селото. Освојувачот на титулата ја прими наградата. Освојувач на женски срца.

освојувачки | прид.

Што се однесува на освојувач, што тежнее кон освојување. Освојувачки поход.