осврне се | св.
Се искаже за нешто, земе на разгледување нешто. Тој критички се осврна на новите изданија. Претседателот се осврна на активностите на партијата.
осврт | м.
Краток приказ, белешка за нешто (книга, настан и сл.). Краток осврт на јазичните особености. Анализа на литературен текст со посебен осврт на карактеризацијата на личностите.
оседла | св.
Стави седло на коњ, магаре; потседла. Го оседла коњот.
оседлан | прид.
Што е со седло. Оседлан коњ.
осем | сврз.
осемени | св.
Кај добиток – внесе сперма на вештачки начин заради оплодување.
осен | прид.
Што се однесува на оска. Осна симетрија.
осенча | св.
Во сликарството – направи сенка на нешто, на цртеж и сл.
осет | м.
Восприемање, доживување што се јавува при дејство на физички процеси врз сетилните органи. Осет за слух. Осет за мирис.
осетен | прид.
Што се однесува на осет.