осили се | св.
Стане насилен, дрзок, претерано силен. Разбојниците многу се осилиле, напаѓаат и дење.
осилка 1 | ж.
Една игличка од осилот.
осилка 2 | ж.
осило.
осило | ср.
Орган на задниот дел кај некои инсекти (оси, пчели и др.) во кој има отров и кој служи за одбрана.
осин | прид.
Што се однесува на оса. Осино гнездо.
осиромаши | св.
Направи некого сиромав. Таа болест го осиромаши.
осица | ж.
оска | ж.
Машински елемент со цилиндричен облик кој ги носи деловите што се вртат (колца, делови од машини, од механизми и сл. Топот пропаднал во калта до оските на тркалата.
оскапи | св.
Стане скап, поскап. Превозот неколку пати оскапе.
оскар | м.
Награда која секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност од Холивуд за остварувања во филмската уметност.