оскверни | св.

Лиши од чистота, од светост, испогани. Некој го осквернил споменикот.

осквернител | м.

Тој што осквернил или што осквернува. Го фатиле осквернителот на храмот.

оскомина | ж.

Чувство во устата што се јавува од кисело јадење, особено од недозреано овошје.

оскоруша | ж.

Шумско овошно дрво со долги, назабени и мовливи листови со мали жолто-зелени и сочни трпкави плодови во вид на круша што се јадат откако ќе нагнијат; Sorbus domestica.

оскубе | св.

Со кубење отстрани коса, пердуви; искубе.

оскуден | прид.

Сиромашен, слаб, што не е во доволно количество, недоволен; изобилен. Оскудни средства. Оскудни историски податоци. Оскудна вечера.

оскудица | ж.

Немаштија, отуство на нешта неопходни за живот; сиромаштија. Живее во оскудица.

ослабен | прид.

Што станал слаб во физичка смисла, што е со намалена сила, острина. Ослабени раце. Ослабен слух. Ослабен вид.