очиклен | прид.

Вешт, снаодлив. Детето беше бистро, очиклено.

очикли | св.

Отвори очи (широко). Ги очикли очите.

очила | и.

Оптичко помагало за подобрување на видот или за заштита на очите (од сонце, при работа итн.). И без очила гледам добро. Очила за сонце.

очилар | м.

Тој што прави или продава очила; оптичар.

очиларка | ж.

Отровна змија од родот на кобрите која живее во Азија; кобра; Naja tripudianis.

очисти | св.

Направи нешто да биде чисто; Тој ги очистил скалите.

очник | м.

Заб што се наоѓа меѓу секачите и катниците.

очобол | м.

Очна болест.