очевидец | м.

Тој што видел лично некоја случка, настан и сл. Тој беше очевидец на сообраќајната несреќа.

очекори | св.

Направи чекор. Не може ни да очекори.

очекува | несв.

Чека некого или нешто. Сите го очекуваа него, а дојде таа.

очеличи | св.

Зајакне, зацврсти, засили. Ги очеличивме своите мускули.

очен | прид.

Што се однесува на око. Очен нерв. Очни капаци. Очен притисок. Очна болест.

очеша | св.

Гребне, драсне малку (по површината, по кожата). Ја очешал колата од ѕидот.

очи | и.

Множина од око.

очигледен | прид.

Што може јасно да се види; што е јасен, што не треба да се објаснува, да се докажува; очевиден. Очигледен доказ. Очигледна грешка.