оштета | ж.

Нанесување штета, оштетување.

оштетен | прид.

Што претрпел штета, на кого му е нанесена штета. Оштетена страна. Зградата беше многу оштетена.

оштетеник | м.

Тој што е оштетен.

оштети | св.

Нанесе штета некому или на нешто. Постариот брат сакаше да го оштети помалиот. Тешките товарни возила го оштетија патот.

оштетувач | м.

Тој што направил штета.

оштрби | св.

Остане без заби. Тој многу рано оштрбе.

оштур | м.

(во клетви) Оштурот те фатил! – да се запустиш, да пропаднеш.

оштури | св.

Опусти, запусти.

ошугави | св.

Фати шуга, се зарази од шуга. Кожата му ошугави.