ошумоглавеност | ж.
Состојба на тој што е ошумоглавен.
ошумоглави | св.
Направи некој да не биде сосема при свест (со удар, со опивање итн.). Ударот од стапот ме ошумоглави. Претераното веселење може да го ошумоглави човека.
ошути | св.
а) Направи рогато животно да изгуби рог, рогови. Ја ошутил козата. б) Остане без рог, рогови, стане шут.
оѕве се | св.
Одговори на обраќање; Тој викна и некој се оѕва од овоштарникот.
оѕверен | прид.
Подивен. Не можеа да го смират, толку беше оѕверен.
оѕвери се | св.
Стане како ѕвер; подиви. Се оѕвери, стана голем злобник.
оѕвие се | св.
Нивните гласови се оѕвиваа во полето.
оѕемне | св.
ој! | изв.
За изразување страв, болка, јад и сл.; ах, ох, оф. – Ој леле, леле!
ојагни | св.
За овца – донесе на свет јагне. Неколку овци ојагнија по две јагниња.