објавувач | м.
Тој што објавува нешто. Објавувачот на текстот е непознат.
објагни | св.
За овца – роди јагне. Овцата објагни две јагниња.
објало | ср.
Завивки, навои на нозете во вид на дебели чорапи. На нозете имаше објала од сиво сукно.
објаснение | ср.
Разјаснување, толкување на нешто за да стане појасно. Секој збор е проследен со кратко објаснение. Тој не ги прифати нивните објасненија.
објасни | св.
Протолкува, разјасни нешто. Попот се обиде да ни објасни дека душата на умрениот ќе оди во рајот. Ќе ви објаснам како треба да се ракува со апаратот.
објаснив | прид.
Што може да се објасни. Објаснива постапка.
објаснител | м.
објаснителен | прид.
Што содржи објаснување, што служи за објаснување на нешто. Објаснителен текст. Објаснителни белешки.
објаснувач | м.
Тој што објаснува нешто, што дава некакво објаснување. Тој е добар објаснувач на математички задачи.
објаснувачки | прид.
Објаснувачки зборови.