објективитет | м.

Реалност, стварност; објективност. Главниот лик во романот ја губи врската со објективитетот.

објекција | ж.

Забелешка, приговор, напомена. Неговите констатации претставуваат објекција кон претходно изложениот текст.

обљуба | ж.

Насилен полов акт; силување.

обљуби | св.

Изврши обљуба.

ова | чест.

За да се изрази поврзување и присоединување во текстот што следува. Ова, што ми беше зборот? Ова, што мислев да кажам?

ова | зам.

Показна заменка за среден род; овој. Ова дете. Ова јагне. Ова место.

оваа | зам.

Показна заменка за женски род; Оваа жена. Оваа книга. Оваа средба.

овал | м.

Јајчест, елипсовиден лик или форма на нешто. Овал на лицето.

овален | прид.

Што има форма на јајце, што е јајчест, елипсовиден. Овална маса. Овална форма.

ова-она | зам.

Разни нешта, неопределено што. Купив ова-она и ги потрошив парите.