овластувач | м.
Тој што овластува, што дава овластување. Законски овластувач.
овластување | ср.
Глаголска именка од овласти.
овнешки | прид.
Што се однесува на овен, што е од овен. Овнешка кожа. Овнешко месо.
ововче | ср.
овогодишен | прид.
Овогодишен род.
овоземен | прид.
Што се однесува на овој свет, на овој живот; Овоземен живот. Овоземни радости.
овоземски | прид.
Овоземски суштества.
овозможи | св.
Направи да стане возможно, создаде услови, можности за да се изврши нешто. Тој ми овозможи услови за работа. Тие ми овозможија да студирам.
овоплоти | св.
овошен | прид.
Што се однесува на овошје, што е од овошје. Овошна градина. Овошен сок. Овошна салата.