овтика | ж.
овтикаллија | прид.
овца | ж.
Домашно животно, преживар, што дава волна, млеко и месо; Ovis aries. Блее како овца. Стадо овци. Ги истера овците на пасење.
овчар | м.
Тој што пасе или чува овци. Стар овчар. Млади овчари. На патникот патот, на овчарот стапот – секој со својата работа.
овчарин | м.
овчарлак | м.
овчарник | м.
Просторија, место каде што се чуваат овци. Ѕидани овчарници.
овчаров | прид.
Што му припаѓа на овчар.
овчарски | прид.
Што се однесува на овчар и на овчарство; што му припаѓа на овчар. Овчарски стап. Овчарско куче. Овчарска колиба.
овчарство | ср.
Занимање, работа на овчар. Го бидува само за овчарство.