оддели | св.
Издели нешто настрана од нешто друго или дел од целина. Му оддели една чинија од ручекот да касне кога ќе се врати.
одделне | св.
Отсече дел обично од дрвен предмет; Одделна од стапот за да го израмни.
одделно | прил.
Посебно, одделено; поединечно. Тројцата одеа одделно по патот и потоа секој тргна кон својата куќа без поздрав. Тие два збора се пишуваат секогаш одделно.
оддене | св.
Извлече нешто што било вденато во нешто; Случајно ја оддена иглата.
оддесно | прил.
На десната страна; Оддесно во дворот имаше куќарка за кучето. И оддесно и одлево од патеката имаше насадено цвеќиња.
оддив | м.
Одмор. Работеше без оддив. – Дај си малку оддив!
оддивка | ж.
Таа постојано работеше, немаше време за оддивка.
оддивне | св.
Одмори, отпочине; Седна на еден камен и малку оддивна.
оддипли | св.
Отвори, одвитка нешто по ширина и по должина; Таа го оддипли чаршафот и го посла на масата. Со треперливи раце го оддипли писмото и почна да го чита.
оддише | св.
Одмори, почине; Застана малку да оддиши