одјури | св.
Избега, истрча. Уште не докажа, децата одјурија надвор. Одјури со стариот автомобил и зад себе остави облак од чад и прав.
одљуби | св.
Престане да чувствува љубов, да сака некого; Поради пиењето таа го одљуби сопругот.
ожали | св.
ождреби | св.
За кобила – донесе на свет ждребе. Кобилата ождреби две ждребиња.
ожебави | св.
Стане набран, збрчкан. Ожебави и во лицето и во снагата.
ожег | м.
Железна прачка извиткана на крајот за распретување оган, жар. Стар ожег. Исчаден ожег. Огнот изгасна, па го зеде ожегот за да го распали.
ожедни | св.
Почувствува жед. Побара вода, ожеднал. Коњите ожеднаа, па ги однесоа на поило.
ожени | св.
Најде некому жена, овозможи, направи сè за да може маж да стапи во брак. Тој го ожени синот.
ожесточен | прид.
Жесток, суров, безмилосен. Ожесточена битка.
ожесточи | св.
Доведе некого или нешто до состојба на жестокост, суровост, безмилосност. Некој отстрана дофрли нешто и ја ожесточи расправата.