одѕвон | м.

Ехо од ѕвонлив звук. Далечен одѕвон. Одѕвони од камбаните.

одѕвони | св.

Испушти ѕвонлив звук; заѕвони. Се слушна тап удар а потоа одѕвони скршен прозорец. Лажицата одѕвони во тенџерето.

одѕида | св.

Растури тоа што е изѕидано; разѕида. Мајсторот го одѕида ѕидот зашто излезе дека е крив.

одјава | ж.

Известување со кое нешто се одјавува; најава. Телевизиска одјава.

одјава | св.

Замине со јавање. Одјава во мугрите и повеќе не се врати.

одјави | св.

Објави крај на нешто што било најавено, што е во тек (приредба, емисија на ТВ и сл.); најави. Водителката ја одјави емисијата.

одјаде | св.

Престане да јаде нешто што претходно јадел. Одјадов баклава откако еднаш се прејадов. Уште како дете ги одјаде јајцата.

одјазди | св.

Замине со јаздење; Го бодна коњот и одјазди налутено.