озаби се | св.
Се покаже со забите, правејќи грда гримаса; се оклешти. Се сврте и му се озаби налутено.
озаглави | св.
Стави наслов на книжевно дело; наслови книжевно дело. Збирката е озаглавена според првата песна.
озакони | св.
Утврди нешто со закон. Тие се регистрираа, ја озаконија врската.
озари | св.
Одеднаш осветли нешто. Вратата се отвори и го озари силна светлина.
озбори | св.
Раскаже нешто за некого со негативна оценка. Сите од селото го озборија за неговата постапка.
озборувач | м.
Тој што озборува. Дежурен озборувач. Таа му се довери нему, а тој излезе најголем озборувач.
озвучи | св.
Придружи нешто (текст, слика и сл.) со звук.
озвучување | ср.
Глаголска именка од озвучува. Озвучувањето не беше најдобро, се слушаше само во првите редови.
озгора | прил.
Од горната страна. Озгора колачот се посипува со шеќер во прав.
озгорен | прид.