окашка | св.

Извалка нешто со нешто течно, кашесто и сл. Го окашка фустанчето.

окајник | м.

Клетник, очајник, бедник. Во филмот тој игра лик на окајник.

оквалификува | св.

Даде квалификација, оценка за некого или за нешто; окарактеризира. Збирката ја оквалификуваа како врвно авторско остварување.

океан | м.

Голема водена површина меѓу континентите. Атлантски Океан. Бучен океан.

Океанија | ж.

Заедничко име за Нов Зеланд и за другите архипелази во Тихиот Океан.

океанограф | м.

Тој што се занимава со океанографија.

океанографија | ж.

Наука што се занимава со проучување на морињата и океаните; вештина и техника на изработка на карти на водените површини.

океанографски | прид.

Што се однесува на океанограф и океанографија.

океански | прид.

Што се однесува на океан, што припаѓа на океан. Океански бродови. Океански земји.

окер | прид.

За боја – темножолта кон кафена. Окер палто. Окер картон.