поза | ж.
Положба, држење на телото. Таа се сликаше во иста поза. Имаше слики од него во најразлични пози. Комична поза. Предизвикувачка поза.
позабава | несв.
позабави | св.
Направи нешто да се одвива малку побавно. Тој позабави пред нејзината куќа. На ридот тие го позабавија чекорот.
позаблажи | св.
Направи нешто да има уште малку поблаг вкус. Таа ми го позаблажи кафето.
позаболи | св.
Стане болен, заболи, се поболи. Илјадници луѓе позаболеа од жолтица. Тој позаболе од некаква неоткриена болест.
позабрза | св.
Забрза малку или уште малку повеќе. Таа позабрза по ходникот.
позавиди | св.
Почувствува завист кон некого или кон нешто. Одеше така гордо да ѝ позавидат сите. Таа им позавиде на убавата куќа и на парите. Тој му позавиде на среќата.
позавитка | св.
Завитка нешто малку подобро, малку повеќе.
позавлегува | несв.
позавлезе | св.
Завлезе малку повеќе; Таа позавлезе во реката, но брзината ја носеше удолу. Кога ќе позавлезат во пештерата, ќе ги сетат сите убавини што ги има таму.