поларитет | м.
Подвоеност на полови, целосна спротивставеност. Судир на поларитети. Борба на поларитети.
поларник | м.
Поларен круг, замислен круг околу Земјините полови. Забележани се нови климатски промени на поларникот.
поларница | ж.
Поларна Ѕвезда. На небото се појави Поларницата.
полароид | м.
Вид стакло што не ја одбива светлината и не блеска. Полароидот не дозволува да се одбие светлината и се користи во современите камери и фотоапарати.
полароиден | прид.
Што е со својство на полароид, што има такви можности. Полароидна камера. Полароиден фотоапарат.
поласка | св.
Даде, направи комплимент, пофали нагласено; ласкаТој му поласка уште еднаш на директорот. Умееше вешто да поласка секому.
полата | ж.
Определен отворен простор во куќа што служи за седење летно време. Навечер седеа во полатата. Полатата имаше дотрајани дрвени штици.
полафи | св.
Позборува малку, некое време;
полв | м.
Животно од родот на глодарите, слично на верверица со речиси бело крзно; Glis glis. Во плевната влегле полвови. Видов еден полв.
полвец | м.
Плунка од инсекти. На прозорецот имаше полвци.