пресекне | св.
За извор, вода, река – престане да тече; пресуши. Пресекнаа изворите од сушата.
преселба | ж.
Селење, преселување. Преселба од куќа во стан. Преселба село – град. Голема преселба на народите.
преселен | прид.
Што се однесува на преселба, што се сели во текот на годината. Преселни птици.
преселеник | м.
Тој што се преселил, преселено лице. Местово е населено од преселници
преселенички | прид.
Што се однесува на преселеник или на преселување. Преселенички движења. Преселенички судбини.
пресели | св.
Премести некого да живее на друго место. Го пресели семејството во главниот град.
преселница | ж.
преселник.
преселничка | ж.
пресен | прид.
Што е неодамна направен или добиен; нерасипан, свеж. Пресни јајца. Пресна вода. Пресен воздух.
пресени се | св.