псалм | м.

Песни на Старозаветната црква, врвен излив на религиозните чувства. Давидови псалми.

псалтика | ж.

Книга со црковни песни и ноти

псалтир | м.

(црков.) Свештена богослужбена книга во која се собрани псалмите од Библијата.

псевдо- | претс.

Како прв дел од сложени зборови со значење: лажен, наводен: псевдоисториски, псевдонаучен, псевдоуметнички, псевдоуметност, псевдокласицизам и др.

псевдоним | м.

Измислено или лажно име, особено на автор од литературата или од ликовната уметност. Пишува под псевдоним.

псевдонимен | прид.

Напишан или што пишува под псевдоним.

психа | ж.

Душа, дух. Психата на малограѓанинот. Детска психа.

психијатар | м.

Специјалист по психијатрија.

психијатрија | ж.

Дел од медицинската наука што се занимава со проучување и лечење на душевните заболувања.

психички | прид.

Што се однесува на психата, душевен, ментален. Психичко нарушување. Психичко малтретирање. Психички растројства.