скувал | ж.

Недовршена пченица или друго жито, фира од жито што останува при веењето под вејачката. Ги нарани кокошките со скувал. Ја збираше скувалта од под решетото.

скуден | прид.

Што не е голем по количество, незначителен, недоволен, беден. Скудни податоци. Скудна живејачка. Скудни историски извори. Скудни материјални услови. Скудна облека.

скудоумен | прид.

Што е со скуден ум, умствено ограничен; малоумен, глупав.

скукален | прид.

Што е како кукалка. Скукалени раце.

скукали | св.

Направи како кукалка. Животот го скукалил, кутриот.

скулптура | ж.

Вид сликарска уметност, вајање во камен, дрво, метал и сл. Изложба на скулптура и графика.

скумрија | ж.

Мала морска риба со вретенесто тело, скуша; Scomber scombrus.

Скупи | м.

Древното име на Скопје.

скупчи се | св.

Стане како купче. Се скупчил пред вратата.