спакува | св.

Направи пакет, смести нешто во амбалажа. Библиотекарката ги спакува книгите за дистрибуција. Децата ги спакуваа новогодишните подароци. Мајка ми ја спакува храната за излет.

спален | прид.

Во состави со именка: што се употребува за спиење. Спална соба. Спален вагон.

спали | св.

спална | ж.

Спална соба. Родителска спална. Стан со три спални.

спанаќ | м.

(бот) Вид градинарско зелјесто растение со кревко стебло и зелени сочни листови; Spinacia oleracea.

спанко | м.

Тој што често спие, што е склон кон спиење, сонливец. Голем спанко. Тој не ги поднесуваше спанковците.

спарен | прид.

Што е со спарина; запурничав. Спарен самрак. Спарно време. Спарни ноќи.

спари 1 | св.

Спои животни (мажјак и женка) заради оплодување. Соседите ги спарија говедата. Ја спаривме мачката.