старо- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење дамнешен, стар: староверен, старовремски, старолик, старомоден, староседелец, старословенски.
староверен | прид.
Што се држи строго до старите верувања.
староверец | м.
Тој што е староверен.
старовина | ж.
старовремски | прид.
Што е од старо време, старински, старомоден. Старовремска кутија за накит. Старовремско палто.
староградски | прид.
Што е својствен за градот и за животот во него во старо време. Староградска архитектура. Староградска облека. Староградски песни.
стародревен | прид.
Што постои или што потекнува од далечно време, од старо време, прастар. Стародревен обичај. Стародревна карпа.
старозаветен | прид.
Што се однесува на Стариот завет, што е од Стариот завет. Старозаветни книги. Старозаветен бог. Старозаветни пророци.
старолик | прид.
Што има стар лик, што изгледа стар. Старолик човек.
старомоден | прид.
Што е по старата мода, што не одговара на актуелната мода; модерен. Старомоден шал. Старомодно палто.