стартен | прид.
Што се однесува на старт. Стартно место. Стартна позиција.
стартер | м.
Тој што дава знак за почеток на натпревар, за поаѓање на натпреварувачите од стартот.
стартува | св. и несв.
(спорт.) Заземе, зазема стартна позиција за натпревар, започне, започнува натпревар. Натпреварувачите во маратонското трчање стартуваа.
старудија | ж.
Стар предмет (облека, посатки и сл.) што е исфрлен од употреба 2. (грубо, ирон.) За човек ‒ како придавка: Што се мешаш, старудијо една!
старче | ср.
Дем. и хип. од старец.
стаса | св.
статив | м.
Приспособена направа, држач за ставање, прицврстување разни предмети или уреди (фотоапарат, филмска камера, оптички инструмент и др.).
статива | ж.
Еден од двата столба што ја носат гредата на голот, дирек.
статика | ж.
(физ.) Дел од механиката што се занимава со проучување на рамнотежата на силите што дејствуваат врз телата во мирување; динамика.
статира | несв.
Е статист, има улога на статист.