сфаќање | ср.
Глаголска именка од сфаќа.
сфати | св.
Разбере, навлезе, проникне во суштината на нешто, долови. Тој ја сфати тајната на моќта. Таа ќе сфати што се случило. Некои луѓе не го сфатија предупредувањето на директорот.
сфатлив | прид.
Што може да се сфати, да се разбере; разбирлив, поимлив. Сфатливи погледи. За нас, тоа не беше сфатливо.
сфера | ж.
Во геометријата ‒ тело што има топчеста форма, топка.
сферен | прид.
сферичен | прид.
Што има форма на сфера, што личи на сфера. Сферично огледало.
сфинга | ж.
Староегипетска голема камена фигура на легнат лав со човечка глава.
сфинкс | м.
схема | ж.
схематизам | м.