Северна Ирска | ж.
Земја во северниот дел на островот Ирска што влегува во составот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Северна Кореја | ж.
Држава во Азија.
северник | м.
Северница | ж.
Најсветла ѕвезда на северното небо и најблиска до Северниот Пол;
северно | прил.
Во правец на север. Северно од нашата земја.
Северно Море | ср.
Море меѓу Велика Британија и Скандинавскиот Полуостров.
северозапад | м.
Страна на светот меѓу север и запад. Се упати на северозапад.
северозападен | прид.
Што се наоѓа на северозапад, што доаѓа од северозапад. Северозападен ветер.
североисток | м.
Страна на светот меѓу север и исток.
североисточен | прид.
Што се наоѓа на североисток, што доаѓа од североисток. Североисточен ветер. Североисточен правец.