Цетиње | ср.
Град во Црна Гора.
цех 1 | м.
(истор.) Сталешка организација на занаетчии од една струка во феудализмот.
цех 2 | м.
Трошок направен во кафеана, ресторан и сл. Висок цех.
цеца | несв.
цеца | ж.
Дојди кај цеца! Цецо, дај ми вода!
цеце‒мува | ж.
Опасна мува од тропските предели што ја пренесува болеста што се манифестира со спиење.
цецка | ж.
цеѓ | ж.
Вода вриена со пепел и исцедена за миење садови и варење сапун; пепелница. Ја миеше празната бочва со цеѓ.
цеѓалница | ж.
Цејлон | м.
Поранешно име на Шри Ланка, Азија.