церемонијален | прид.

Што се однесува на церемонијал. Церемонијален говор.

церемонијал-мајстор | м.

Лице што раководи со церемонија. Се покажа како добар церемонијал‒мајстор.

цери | несв.

цери се | несв.

Се смее. Девојките си шепотеа нешто и се цереа.

церика | ж.

Церово дрво. Сечеше церика.

Церипашина | ж.

Планински врв во Македонија.

церов | прид.

Што се однесува на цер1, што е од цер1. Церови лисја. Церови штици.

церовача | ж.

Вид лубеница со тврда и дебела кора. Во торбата имаше церовача.

церче | ср.