цигаја | ж.

Раса на овца. Има бела и црна цигаја.

цигулина | ж.

Детска играчка од пченкарушка, импровизација за виолина.

цигу‒лигу | изв.

Подражавање звук од цигулка, од виолина и сл.

цика | несв.

циклама | ж.

Украсно растение со срцевидни листови, со бели, розови или црвенорозови, силно мирисливи цветови; Cyclamen. Го сакаше мирисот на цикламата. 2.(прен.) Нијанса на боја според цветот на ова растение, црвенорозова. Носеше фустан во боја на циклама.

цикличен | прид.

Што се движи, што се извршува во еден циклус, во круг, што се повторува во определени интервали, циклуси. Цикличен развој. Циклична промена. Циклични движења.

циклички | прид.

циклон | м.

Виорно движење на воздухот во атмосферата, воздушен вител, бура, луња. Силен циклон. Пустински циклони.