цитрон | м.

(бот.) Суптропско зимзелено овошно дрво со трнливи гранки, големи, кожести и јајчести листови, бели цветови и големи, тркалезни, светложолти плодови со сочно жолто или црвено месо и горко-киселкав вкус; грејпфрут; Citrus paradis. Расцутени цитрони.

цитронада | ж.

Освежителен безалкохолен пијалак од цитронов сок и вода. Ладна цитронада.

цитрусен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на цитруси. Цитрусни растенија. Цитрусно овошје.

цитруси | и.

Општ, заеднички назив за овошни дрвја со вечнозелени лисја и бели мирисливи цветови чии плодови содржат етерични масла (лимон, зелен лимон, портокал, мандарина, цитрон и др.). Цитрусите растат најбавно.

цитрусов | прид.

цифарски | прид.

цифка | несв.