цицаче | ср.
цицајче | ср.
цице | ср.
цицен 1 | прид.
Што се однесува на циц, што е од циц. Цицен фустан. Цицена завеса.
цицен 2 | прид.
Што се однесува на цицка. Цицни жлезди. Машината за молзење крави има четири цицни чашки.
цицер | м.
Вид печатарски букви.
цицилак | м.
Особина на скржав човек, скржавост.
цицина | ж.
Потечено, црвено место, оток. На раката му се појави цицина.
цицингарец | м.
циција | м.
Скржав човек, скржавец. Голем циција.