цицка 1 | ж.

дојка, боска, града.

цицка 2 | ж.

Пролив, дизентерија.

цицка 3 | ж.

Вид лековита билка; Sedum.

цицлест | прид.

За жена ‒ што има силно развиени гради, што е со големи цицки. Цицлеста жена.

цицне | св.

Цица малку, еднаш или неколку пати по малку. Детето цицна и заспа. Јагнето цицна два‒три пати и се тргна.

цијан | м.

Безбоен отровен гас, соединение на јаглерод со азот. Труење со цијан.

цијанкалиум | м.

Многу силен отров, калиумова сол на цијановодородната киселина, калиумов цијанид.

цијаноза | ж.

Сина обоеност на кожата и на усните од студ, од алкохолизам и од некои болести.

цокле | ср.

Долниот дел на надворешен ѕид на зграда, обично малку издаден. Високо цокле.

цокула | ж.

Тешка, висока обувка, обично војничка. Нови цокули. Топот од цокули.