црнокос | прид.

Што има црна, црникава коса. Црнокоса девојка.

црнокошулец | м.

Италијански фашист, според црната кошула како дел од униформата на фашистичкото движење. Група црнокошулци.

црнокрил | прид.

Што има црни крилја. Црнокрила птица.

црномурен | прид.

За човек ‒ што има црни очи и коса и потемна боја на кожата. Црномурна жена. Црномурни музичари.

црноок | прид.

Што има црни очи. Црноока девојка.

црноперка | ж.

Стрела со црно перо. Го погоди со црноперка.

црноризец | м.

Тој што носи црна риза; монах, калуѓер. Стари црнорисци.

црнослива | ж.

Вид слива; Prunus insititia.