црнотија | ж.

Црна, темна боја на нешто. Црнотија на јагленот.

црно-црвен | прид.

Што е со/во црна и црвена боја. Црно-црвен фустан.

црноцрен | прид.

Што има црна рожна дршка. Црноцрен нож.

црно‒ | претс.

Како прв дел од сложен збор означува дека тоа што е именувано со вториот дел има црна или црникава боја: црнобрад, црнокос, црнокрил, црноок итн.

црно‒бел | прид.

Што е со/во црна и бела боја. Црно-бел телевизор. Црно-бела слика.

црнулав | прид.

црнулест | прид.

црнче | ср.

црнчи | несв.

Работи многу, работи тешко, слабо платено. Црнчи по цел ден за парче леб.