човешки | прид.

човештво | ср.

Сите луѓе, сиот човечки род, целото човечко општество. Во интерес на човештвото. Историја на човештвото. Ѕвездени мигови на човештвото. Развој на човештвото.

човештина | ж.

Човечност, хуманост. Примери на човештина и добродетелство. Му недостигаше малку повеќе човештина во односите со луѓето.

чоен | прид.

Што е од чоја. Чоени бечви. Чоен костум.

чок | прил.

Многу.

чокан | м.

Мало стаклено шише од кое се пие ракија. Момокот донесе два полни чокана.

чоколада | ж.

(само едн.) Смеса од какао, путер, шеќер и друго. Чоколада за готвење. Млечна чоколада.

чоколаден | прид.

Што е направен од чоколада, што содржи чоколада. Чоколаден крем. Чоколадни бонбони.