човекољубец | м.
Тој што ги сака луѓето; филантроп.
човекољубив | прид.
Што ги сака луѓето, што е обземен од љубов кон човекот. Тој беше праведен и човекољубив.
човекољубие | ср.
Особина на тој што е човекољубив, хуманост, човекољубивост. Така го развиваа човекољубието.
човече | ср.
Дем. и хип. од човек.
човечен | прид.
Што е добросрдечен, човекољубив, што има благородни чувства кон луѓето; Во сè биди човечен. Почовечен живот. Лагата понекогаш е почовечна од вистината.
човеченце | ср.
човечец | м.
човечиште | ср.
Аугументатив и пејоратив од човек.
човечки | прид.
Што му припаѓа или што се однесува на човек. Човечка фигура. Човечко тело. Човечка глава. Човечки заб. Човечко живеалиште. Човечки потреби. Човечка судбина.
човечуле | ср.