чорбаџи | м.
Вок. од чорбаџија. Повелете чорбаџи!
чорбаџивка | ж.
чорбаџилак | м.
чорбаџиство | ср.
Богаташки сталеж, богаташка класа.
чорбаџица | ж.
чорбаџија | м.
Богат човек, имотен човек, големец, господар. Беше сиромав, ама сега е чорбаџија.
чорбест | прид.
Јадење што е течно, што личи на чорба. Чорбеста манџа. Чорбеста вечера. Чорбесто јадење. Чорбест грав.
чорлав | прид.
Што е неисчешлан, разбушавен.
чорло | м.
Погрден назив за маж што оди неисчешлан, разбушавен.
чочек | м.
Вид ориентален танц. Танчарките во меаната играат чочеци.