чому | зам.
чопенка | ж.
Парче месо, дробенка.
чорап | м.
Дел од облеката од плетена волна, памук или вештачки влакна што се навлекува на нозете. Везени чорапи. Плетени волнени чорапи. Најлон чорапи.
чорапар | м.
Тој што произведува или што продава чорапи.
чорапара | ж.
чорапарница | ж.
Продавница или работилница за чорапи.
чорапен | прид.
Што се однесува на чорап. Чорапни игли.
чорба | ж.
Течно и густо готвено јадење со зеленчук и месо. Јагнешка чорба. Пилешка чорба. Рибина чорба.
чорбалак | м.
Голема и длабока порцеланска чинија од која се служи чорбата. Домаќинката им сипеше на гостите чорба од големиот чорбалак.
чорбар | м.
Тој што многу сака чорба.