шаштиса | св.
швајсапарат | м.
Апарат за заварување, машина што овозможува загревање на метални делови и нивно спојување. Современи швајсапарати. Скап швајсапарат.
швајсер | м.
Лице што работи со швајсапарат; заварувач.
швајсмашина | ж.
швајсува | несв.
Работи со швајсапарат; Мајсторот ја швајсуваше металната ограда.
Швајцарија | ж.
Држава во Европа.
швалер | м.
Љубовник, лице што е во брак, а има љубовни врски.
швалерисува | несв.
Има незаконски љубовни врски додека е во брак. Тој швалерисува со туѓи жени. Остаре и уште швалерисува.
шваргла | ж.
Сувомесен производ, еден вид колбас. Чадени шваргли. Банатска шваргла.
Шварцвалд | м.
Планински венец во Германија.