Шведска | ж.
Држава во Европа.
шверц | м.
Незаконско дејствување, незаконска трговија со стоки, добра, луѓе и сл.; црна берза. Шверц со дрога. Шверц со оружје. Шверц со цигари.
шверцер | м.
Тој што се занимава со шверц. Ситен шверцер. Шверцери на цигари. Шверцер на дрога.
шверцува | несв.
Врши трговија со стоки и други добра на незаконски начин; нелегално внесува некого или нешто; се занимава со шверц. Тие шверцуваа цигари и алкохол од соседната земја. Шверцувале хулахопки и фармерки. Тие шверцувале бегалци преку северната граница.
швргав | прид.
Што е нестабилен, несигурен. Швргав соработник. Швргаво време.
шврка | несв.
шврканица | ж.
Силен удар со камшик, прачка и сл. За казна тој доби силни шврканици по грбот.
швркне | св.
Удри со прачка, камшик и сл. Силно го швркнав коњот по грбот. Тој го швркнал момчето со камшикот по плеќите.
шебек | м.
(арх.) Вид мајмун со црвена задница; павијан.
шеберест | прид.
Мајмунест. Шеберести деца. Шебересто лице.