шаваспур | м.
Вид тенка, проѕирна ткаенина од свила или од лен, газа. Кошула од шаваспур.
шавне | св.
Престане да мирува, мрдне. Во тревата нешто шавна. Птицата на дрвото шавна.
шагрен | м.
Специјално обработена кожа што се користи за изработка на чевли и сл.
шадрван | м.
Фонтана, водоскок, чешма со повеќе отвори. Прекрасен шадрван во градината. Разнобојни цвеќиња околу шадрванот.
шажбој | м.
Ниска од стари, бели парички заплетена во косата што ја носеле девојките.
шаин | м.
Сокол дресиран за лов.
шаит | м.
Очевидец, сведок.
шака 1 | ж.
Шега, нешто искажано или направено несериозно, со доза на хумор; Не е шака, ова е сериозно нешто. Таа само шаки прави. Неумесна шака.
шака 2 | ж.
Дланка, дел од рака. Цела шака сол. Две шаки шеќер.
шакаџија | м.
Оној што прави шака, што се шегува; Тој е познат маалски шакаџија.