шестмина | бр.

Шестмина ја креваа масата и не можеа да ја кренат.

шестнеделен | прид.

Што трае шест недели. Шестнеделниот одмор заврши. Шестнеделни подготовки.

шестокатен | прид.

Што е на шест ката,

шестокатница | ж.

Зграда со шест ката.

шестокласник | м.

Ученик од шести клас, шестоодделенец.

шестокрак | прид.

Што имат шест нозе. Шестокрак инсект. Шестокрак пајак.

шестокрил | прид.

Што е со шест крилја. Шестокрила риба. Шестокрила стрела.

шестокрилен | прид.

За ангел од највисок ред; Шестокрилен ангел.

шесторед | прид.

За пченица – што има шест реда зрна во класот. Садеа пченица шесторед.

шесторедица | ж.

За пченица – што е со шест реда во класот. Покрај патот златее пченица шесторедица.