шести | бр.

Што е по ред зад петтиот, редна бројна придавка според бројот шест. Шесто одделение. Шести роденден. Шеста патека.

шестина | бр.

Шест лица од мажи или од жени и мажи заедно; шестмина. Во групата имаше шестина стројни момчиња.

шестинка | ж.

При прецизно мерење време во траење од шест дела од секунда, обично во спортот. Го подобри својот рекорд само за една шестинка.

шестиса се | св.

Се збудале, побудале, се.

шестка | ж.

Бројката 6.

шесткатен | прид.

Што има шест ката, што е на шест ката. Шесткатна зграда. Шесткатен трговски центар.

шесткатница | ж.

Зграда, објект на шест ката. Две шесткатнци се изградени една спроти друга. Модерна шесткатница.

шесткратен | прид.

Шестпати повторен, шестпати зголемен. Шесткратен светски првак.

шестмесечен | прид.

Што е на возраст од шест месеци, од половина година, полгодишен. Шестмесечно бебе.